
Зелената боја e боја на растителниот свет, на живата надворешна природа. Таа е најспокојната боја за човечкото око. Mоже да го подобри видот, да почнете појасно да гледате, да си ги чувствувате очите одморени и свежи како никогаш.
На нервниот систем зелената боја делува смирувачки. Го снижува крвниот притисок и ги шири капиларите. Од психолошки аспект се чувствува смиреност и опуштеност. Зелената значи потполна смреност во која се сите контрасти во рамнотежа. Симболиката на зелената боја е разновидна: вистина, вера, доверба, преродба, мир.
Заради својата смиреност и пасивност зелената боја е спротивност на црвената боја, која пак означува активност. Овие две бои се меѓусебно комплементарни.
Зелената како боја на природата симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Оваа боја има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Темно-зелената, многу често се поврзува со пари, но и со сензуалност и таинственост.
Зелената има голема исцелителна моќ. Таа симболизира стабилност и издржливост. Понекогаш зелената означува недостаток на искуство. Во хералдиката, зелената боја покажува раст и надеж. Оваа боја, обратно од црвената, означува безбедност. Затоа таа е бојата на слободен премин во патниот сообраќај. Зелената боја има повеќе симболични значења меѓу кои најсилно е природното значење. Таа симболизира живот, младост, обнова, надеж и полетност. Доста е смирувачка и има неутрален ефект врз луѓето. Зелената боја прави да се чувствуваме добредојдени.
Ова е боја на животот и изобилието – лисјата, тревата, растенијата – сè е поврзано со растење, развивање,
живеење, љубење. Зошто тогаш пак, не подаруваме папрати наместо букет со рози во знак на љубов? Ова е така бидејќи зелената е боја на распространувањето, хуманистичката љубов и прифаќањето, не на страсната романса. Исто така, ова е боја на фините луѓе со топло срце. Страста е сигурно присутна, но е закопана длабоко под интегритетот и честа на личноста.
Ако сакате зелена боја, го ставате општо добро пред своите лични интереси, но тоа не значи дека се заборавате себеси, впрочем оние кои искрено прават добро тоа првенствено го прават поттикнати од внатрешното чувство на задоволство да се помогне.
Исто така велат дека ова е совршена боја за опуштање, освежување и обновување на енергијата. Зелената боја се поврзува со природата и растот, но и со повторното раѓање. За избор во гардеробата, зелената боја им се препорачува на сите.Зелената боја ја претставува свежината, спокојот и опуштеноста. Зелената боја е боја на животот, симбол на растот и обновата и на тој начин создава смирена и хармонична атмосфера. Луѓето кои ја преферираат зелената боја се мирни, лојални, искрени, одлучни и морални.
Значење на Боите 

