Насловна » Мода » Историја на модата

Историја на модата

Гол и без оружје,ете така се појавува првиот човек на земјината топка. Наспроти животните кои се раѓаат веќе заштитени секое на свој начин, па и наоружени со инстиктот да преживеат, човекот мора сето тоа да си го обезбеди и научи. Историски гледано, човекот постојано работи, учи, се труди се докажува, се со една цел, да си обезбеди заштита за своето тело и услови за живот и исхранa. Првата основна задача на човекот била да си обезбеди заштита за своето голо и незаштитено тело, кое постојано било напаѓано од многуте непредвидливости кои се случувале во природата.
И дури пред да го открие оганот, изворот на топлина, заштитата и индустријата, примитивниот човек почнува инстиктивно да се заштитува од студ или повреди, односно да го облекува своето тело. Одејки во потрага за храна, почнува да ги употребува и пошироките дебели листови, исто така за облека. Во бронзениот временски период од кој имаме некои извори за постоење веќе гледаме дека човекот за своја заштита или облека го користи крзното, кожата, пердувите и многу комбинации од растително потекло..
Во старите времиња, секоја облека била народна и таквите разлики и навики се одржале до зајакнувањето на Римската Империја. Тогаш римската облека постанува пример за цивилизирано население и на Истокот и Западот. Значи римската облека се сметала за МОДЕРНА и по некои проучувачи на облеката поимот МОДА потекнува баш од тоа време. Но, правејќи анализи на тие временски периоди, може со право да се заклучи дека на промените на облеката не делувале само Римјаните. По правило скоро секој народ од сариот век кој се наоѓал на повисок културен степен влијаел на облеката на своите соседи.
По пропаѓањето на западното римско царство, Византија ја добива важната улога во светот а посебно кај поголем број словенски народи кои почнуваат да се доселуваат на Балканот.
Времето на крстоносните војни претставува жива врска помеѓу Истокот и Западот и веќе од 11 век облеката најчесто трпела влијанија од начинот и видот на облеките што се носеле во француските држави. Карактеристична е “Бургундската мода на облекувањето” на крајот од Готскиот период која се проширува низ цела Европа. Во 16 век може да се рече дека француската облека трпи и влијанија од италијанскиот начин на облекување познат како едно ослободување од стегите, што пак е карактеристично и за се што се случува со живеењето во тој ренесансен период. Шпанската строгост исто така има во еден период големо влијание од облекувањето на повеќе кралски дворови, а веќе во 17 век Франција го отпочнува своето царување со големо влијание во облекувањето во сите тогашни кралства. Времето на познатиот француски крал Луј 14 ќе даде нови обележја на европската мода, на дворот, на аристократијата која се повеќе го троши своето време во забави, дружења и расипништво.
Крајот на 18 век или поточно со Француската револуција, носители на новото во облекувањето станува буржоазијата и народната постепено се задржува само по селата, за подоцна да остане само по зафрлените селски населби, во непристапните планински села како и кај источно-азиските народи.
Во Балканските земји, поготово Македонија, народната облека се има задржано до педесетите години на 20 век. Затворениот економски живот, слабите патни комуникации, како и повеќевековната зависност на македонскиот народ, посебно турското влијание, условиле многу носии да ја зачуваат и својата статична форма и во втората половина на 20 век.
За разлика од традиционалниот начин на облекување во селото, во нашите градови од поодамна е присутен градскиот начин на облекување. За време на турското владеење е евидентен турскиот дух во сите сфери на живеење. Аналогно на тоа, во градовите каде што главно сконцентриран турскиот етнос, прифаќањето на делови или целосно турско ориентирани костуми било и нормално. Меѓутоа веке во втората половина на 19ти век, со засиленото национално будење, со појавата на македонската интелегенција и на трговскиот и граѓански слој, постепено се напушта турско-ориенталниотначон на облекување т.н. а ла турка и се повеке се прифаќа новиот, а ла франка што го нуди западот и новото време. Оваа тенденција трае се до денес.

 

Тазе бутик

НАЈАВА






Анкета


Дали некогаш сте купиле облека он-лајн ?
 
Гледања на содржината : 250858

ПРЕБАРАЈ ЗА...

Мажи Жени Момчиња Девојчиња Бебиња
Мокасино

Галерија