Насловна » Мода » Ѕвезди и брендови

Ѕвезди и брендови

ГВЕН СТЕФАНИ


Нејзини модни линии: Harajuku Lovers, L.A.M.B.

Можат да се купат во: Kitson во Лос Анџелес, Nordstrom и Bloomingdales


Дури со две модни линии, новата модна икона и трендсетерка Гвен Стефани има заслужено златен статус со брендирана мода на познатите. Оваа пејачка со стил се' почесто ги комбинира и самата ги носи своите две модни линии. Иако онаа L.A.M.B важи за рокабили и панк-андерграунд колекција, сепак, таа се смета во рангот на висококвалитетни модни брендови. Нејзината втора етикета Harajuku Lovers е азиска модна линија со спортски модни додатоци кои чинат под 100 долари. Тоа не може да се каже, на пример, и за еден пар чизми од колекцијата L.A.M.B., кои чинат околу 375 долари.




ВИКТОРИЈА БЕКАМ

 

Нејзини модни линии: Rock и Republic, dVb

Можат да се купат во: Neiman Marcus, Kitson, eLuxury.com

Бившата спајс-девојка (која повторно станува актуелна со повторното обединување на оваа женска атракција) и жена на познатата фудбалска суперѕвезда Дејвид Бекам ужива огромна популарност и продажба на својата одлична џинс-линија Rock и Republic. Колку за информација, фармерки од оваа колекција се продаваат по цена од 290 долари, а оваа година таа ја активираше и својата втора етикета dVb denim, која веќе се наоѓа во продавниците.




ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

Нејзини модни линии: JLo, Sweetface, Justsweet

Можат да се купат во: Macy's, ShopJLo.com

Иако првично нејзината етикета „Џеј Ло“ доби модни критики и коментари дека не е воопшто младешка и тренди (таа го пласира овој бренд во 2001), сепак, фенси-кралицата се врати на пазарот со уште поуспешен моден производ – линијата Sweetface. Исто како и Гвен, Џенифер во моментот се смета за една од ѕвездите што поседуваат најуспешна и најбарана модна етикета. Таа моментално работи на новата линија Justsweet, која всушност ќе биде ребрендирана верзија на Jlo и ќе се појави во продавниците наесен.



 

Тазе бутик

НАЈАВА






Анкета


Дали некогаш сте купиле облека он-лајн ?
 
Гледања на содржината : 250879

ПРЕБАРАЈ ЗА...

Мажи Жени Момчиња Девојчиња Бебиња
Мокасино

Галерија