Насловна » Мода » Познати Брендови

Познати брендови

 

Најпознатите модни брендови

Потрошувачката на облека и обувки секоја година се повеќе расте, а со тоа расте и конкуренцијата помеѓу дизајнерите, производителите.. Но и покрај ваквите трендови, група на дизајнери со години наназад важат за ненадминливи модни владетели

Модата е насекаде околу нас, од рекламите на џамбо билбордите, во телевизиските емисии, во весниците, па до Интернет. Благодарение на некои телевизиски серии, луѓето модно се освестија. Така благодарение на култната серија “Секс и градот”, Manolo Blahnik стана еден од најеминетните модни диктатори на светот.

Најуспешните модни дизајнери истовремено важат и за успешни деловни луѓе. Дел од нивниот успех е внимателно негуваниот имиџ и популарноста, како и ексклузивните клиенти.

Познатото американско списание “Форбс" неодамна направи листа на највлијателните модни дизајнери во светски рамки.

Christopher Bailey, Burberry

Со доаѓањето на  Christopher Bailey во Burberry понудата на ова стара модна куќа се прошири на се што може да се носи: од марами, капи, шалови, торби, јакни до капути. Bailey има само 34 години, а го откри славната Дона Каран додека се уште студираше во Лондон. Искуство стекна работејќи со Том Форд во модната куќа Гучи. Дури и аферата со кокаин на нивното заштитно лице, фотомоделот Кејт Мос, не влијаеше на растот на популарноста на ова модна куќа.


Domenico Dolce & Stefano Gabbana, Dolce&Gabbana


Модниот клан познат и под името “сицилијански клан” ова година слави 20 години од заедничка работа. По тој повод тие неодамна ги промовираа машките и женските парфеми: Sicily, наменети за лицата со едноставен стил до оние кои сакаат чист луксуз. Нагласената сексипилност на нивната облека направи да за нив работат најпознатите светски ѕвезди од Џенифер Лопез до Мадона. Тие минатата година промовираа и нова линија за млади лица “&” (И), која е значително поефтина.


Manolo Blahnik

Кој може да ја заборави сцената од хит серијата “Секс и градот”, кога главниот лик Кери беше подготвена да на ограбувачот кој ја пресретна на улица да му даде се што има на себе освен чевлите на овој креатор. Шпанецот Blahnik е познат по тоа што рачно ги о изработува секој примерок на своите сандали и чевли, со екстремно високи потпетици, кои чинат од 40 до 400 долари.



 

Тазе бутик

НАЈАВА






Анкета


Дали некогаш сте купиле облека он-лајн ?
 
Гледања на содржината : 253958

ПРЕБАРАЈ ЗА...

Мажи Жени Момчиња Девојчиња Бебиња
Мокасино

Галерија